Челзи синоќа загуби од Реал и во реванш мечот од Лигата на шампионите и ја продолабочи кризата која го зафати клубот кој тоне и во домашното пренство. Но проблемите кај Челзи очигледно не се само на зелениот терен.
Синоќа пред мечот со Реал (М) на големо изненадување на присутните, а особено на преставниците на УЕФА не беше интонирана химната на Лигата на шампионите. Екипите традиционално излегоа и се наредија на центарот, камерата го започна прикажувањето на секој играч, но химната не се слушна на стадионот, ниту во тв-преносот. Иако не е официјално потврдено, станува збор за технички пропуст, кој не им е прв на луѓето од лондонскиот клуб.
Пред само неколку дена за време на натпреварот со Брајтон, на семафорот одеднаш се појави информација дека Дени Велбек го заменил Коди Гакпо, кој е играч на Ливерпул.