Реал Мадрид без мака се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако на два натпревари оствари две победи без примен гол. Иако минатата година постигна хет-трик на Стемфорд Бриџ, Карим Бензема синоќа беше речиси невидлив.
Екипата на Реал синоќа победи со 2:0 на гостувањето во Лондон, а Бензема беше еден од најлошо оценетите играчи на тимот од Мадрид.
Во 71. минута Анчелоти реши да го извади Бензема од игра со водство од 1:0, а наместо него во игра влезе Чуамени. Овој потег ги изненади сите, со оглед на тоа што Бензема е напаѓач, а Чуамени е играч од средниот ред, но и го налути Французинот.
Бензема многу налутено погледна кон Анчелоти, па му ја подаде капитенската лента на Лука Модриќ и ја напушти играта.
Потоа, капитенот на Реал Мадрид му пријде на Анчелоти и продолжи да се жали, незадоволен што мораше да ја напушти играта.
Анчелоти по натпреварот објасни дека Бензема имал удар и тоа е единствената причина поради која го заменил.
💥 KARIM BENZEMA ENFADADO CON ANCELOTTI TRAS EL CAMBIO: “¡ESTOY BIEN EH!” pic.twitter.com/W5CmCAJqoG
— Post United (@postunited) April 18, 2023