Германски таблоид објави лажно интервју со Шумахер!

136

Поминаа девет години од стравичната несреќа која му се случи на Михаел Шумахер на француските алпи. Седумкратниот првак во Формула 1 ја изгуби контролата и со глава удри во камен.

Веднаш беше пренесен во болница, беше извршен оперативен зафат и беше ставен во индуцирана кома за да се соочуваат што повеќе функции. Во 2014 година се разбуди од кома, но повеќе детали не беа познати за неговата состојба. Неговото семејство побара од јавноста за разбирање, па никој не знае за вистинската состојба бо која се наоѓа.

Во овие девет години се појавија најразлични информации во јавноста, а неговата семејство секогаш ги демнатираше. Сепак таблоидот Die Aktuelle направи чекор напред направи лажно интервју со Шумахер. На својата насловна страница објави измислено интервју со седумкратниот првак во Ф1.

Насловната страница дава слика дека Шумахер го дал интервјуто, а доле има забелешка дека станува збор за разговор со вештачка интелигенција, која одговарала на прашањата наместо Шумахер. Навивачите на Шумахер се гневни и овој чин ја згрози германската јавност.

ПретходноБензема во Реал најмалку до јуни 2024!
СледноАзар се враќа во Премиерлигата, ќе му биде соиграч на Чурлинов!