Фудбалерот на векот, иконата на мак – фудбалот, човекот кој што и го донесе пехарот во Купот на Шампионите на Ц. Звезда со решавачки гол во пенал – серијата во Бари во 1991 година, еден од најдобрите фудбалери на овие простори, Дарко Панчев, доби документарен филм со наслов “Патот на Кобрата до ѕвездите“.
Светската премиера ќе биде биде во Скопје на 24 април. Снимањето и продукцијата на овој филм се на Спорклуб телевизија, Спорт Нетворк Продукција и Спортско радио 90.3 фм.
Секако дека вреди да се одбележи овој момент, овој документарец на Дарко Панчев, нашата фудбалска икона и еден од најдобрите, ако не и најдобар фудбалер во историјата.