Имаме шанса за втор медал: Шапиев денеска во репасаж за бронза на ЕП во Загреб

166

Откако вчера Ахмад Магомедов освои бронзен медал за Македонија на Европското првенство во борење за сениори кое се одржува во Загреб, Хрватска, денеска Македонија има нова шанса за медал.

Расул Шапиев во категоријата до 74 килограми доби шанса за „поправен“, откако вчера беше поразен во првата борба со Словакот Салказанов. Имено, поради тоа што противникот обезбеди финале, Шапиев успеа да се протне во репасажот каде што ќе се сретне со Храјар Алиханјан од Ерменија.

Ако победи, нашиот борач го очекува директен дуел за бронзениот медал со грузискиот борач Автандил Кенчадѕе.

ПретходноОсум лица на обвинителна клупа за смртта на Диего Марадона
СледноЧелзи е во хаос: Минатата недела грешки на семафорот, синоќа не ја пуштија химната на ЛШ!?