Интер ја елиминира Бенфика и по 13 години влезе во полуфинале на ЛШ

225

Екипата на Интер ја елиминира Бенфика и се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите. По победата на „Луж“ на првиот меч, вечерва на „Меаца“ требаше да го сочуваат водството, а одиграа 3:3 со што изборија место во првото полуфинале по сезоната 2009/10.

Мечот го отвори Николо Барела во 14 минута со ефектен погодок, меѓутоа изедначи Орснес во 38 минута.
Во 65 минута „нероаѕурите“ повторно доаѓаат во предност со гол на Лаутаро Мартинез на асистенција на Димарко, а во 78 минута Жоакин Кореа носи предност за миланскиот тим од 3:1.

Во финишот Бенфика постигна два гола, прво погоди Антонио Силва, а потоа Петар Муса за конечни 3:3.

Интер им се приклучи на градскиот ривал Милан, на Реал Мадрид и на Манчестер Сити во полуфиналето.

Тренерот Симоне Инзаги е првиот Италијанец по Еугенио Берселини во сезоната 1980/81 кој го однел Интер до полуфиналето на ова натпреварување.

ПретходноТрансфермаркт: Ова се десеттмината фудбалери со вредност од над 100 милиони евра, ниту еден нема повеќе од 24 години!
СледноБаерн немоќен против „Граѓаните“ – Четата на Пеп меѓу четирите најдобри во Европа