По вчерашното реми во Неапол (1:1) Милан се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите и успеа да го повтори италијанскиот рекорд за бројот на настапи во полуфиналето од ова најсилно европско натпреварување.
„Росонерите“ по седмипат во историјата стигнаа до полуфиналето на Лигата на шампионите, со што го израмнија рекордот на Јувентус, кој исто така успеа седумпати да се пласира во полуфиналето на турнирот кој во ваков формат се одржува од сезоната 1992/1993 година.
Противник на Милан во полуфиналето ќе биде подобриот од пресметката меѓу Бенфика и Интер, каде градскиот ривал на миланезите денеска влегува со предност од 2:0.