Осум лица на обвинителна клупа за смртта на Диего Марадона

337

Наскоро ќе започне судењето за смртта на Диего Армандо Марадона, кој почина во Буенос Аирес на 25 ноември 2020 година по акутен белодробен едем предизвикан од хронична срцева слабост.

На обвинителна клупа ќе се најдат осум лица кои се обвинети за убиство од небрежност, што е казниво со затвор од 8 до 25 години.

Апелацискиот совет во Сан Исидро потврди дека неврохирургот Леополдо Луке, психијатарот Агустина Косачов и уште шест здравствени работници се обвинети за смртта на Диего Армандо Марадона и ќе бидат судени под обвинение за „просто убиство“.

Нивното обвинение беше покренато минатата година, но подоцна беше обжалено. Обвинетите се дел од групата која се грижеше за Марадона во последните месеци за време на неговата хоспитализација.

ПретходноМилан го израмни рекордот на Јуве по бројот на учества во полуфиналето на ЛШ
СледноИмаме шанса за втор медал: Шапиев денеска во репасаж за бронза на ЕП во Загреб