И официјално Оливие Жиру уште една година ќе игра за Милан. Французинот кој вчера во Неапол постигна гол за пласман во 1/2 финалето во ЛШ, веднаш беше награден со нов договор.
Инаку Жиру во септември ќе наполни 37 години, веќе е ветеран, но и тоа како знае да ги тресе противничките мрежи. Се шпекулира дека тој за следната сезона ќе биде платен со 3,5 милиобни евра.
Имаше понуди и од Англија, Франција, сепак Милан брзо реагираше, а Жиру прифати да стави потпис на новиот договор.