Денвер убедливо до 2:0 против Минесота, Милвоки победи и без Јанис (ВИДЕО)

142

Најдобриот тим на Западот во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата, Денвер славеше над Минесота со 122:113 и поведе со 2:0 во првото коло од плеј-офот. Нагетс го имаше расположениот Џамал ​​Мареј кој средбата ја заврши со 40 поени, како и српскиот центар Никола Јокиќ со 27 поени, девет скока и девет асистенции.

Во тимот на Минесота најефикасен беше Ентони Едвардс со 41 поен.

Кошаркарите на Милвоки го победија Мајами со 138:122 и израмнија на 1:1 во првото коло од плеј-офот на Источната конференција. Бакс ги предводеа Брук Лопез со 25 поени, Џру Холидеј постигна 24 поени, со 11 асистенции и пет скока. Милвоки постигна 25 тројки од 49 обиди на натпревар без нивниот најдобар играч, Јанис Антетокунмпо.

Мемфис ги победи Лејкерс со 103:93 и изедначи на 1:1. Ксавиер Тилман беше најефикасен во победничкиот тим со 22 поени и 13 скока. Леброн Џејмс постигна 28 поени со 12 скока за ЛА Лејкерс и тоа беше негов 103. натпревар во плеј-офот во кој имаше најмалку 20 поени и 10 скока.

ПретходноТухел по новото разочарување: Штета, немавме среќа!
СледноЖарко Ристоски со Ал Рајан ја одбрани титулата во Катар