„Комити“ ќе патуваат во Охрид: „Никоја одлука нема да не обесхрабри“

1364

Мечот меѓу Воска Спорт и Вардар во рамките на ВМФЛ кој ќе се игра во недела стана меч од висок ризик. Имаше низа на соопштенија од страна на раководството на охридскиот клуб и навивачката група „Комити“.

Прво Воска забрани гостински навивачи, па откако „Комити“ се заканија дека, сепак, ќе дојдат во Охрид и ќе најдат начин како да го бодрат својот клуб, од Воска излегоа со ново соопштение во кое се вели дека мечот ќе се игра без публика, значи ќе нема ниту домашни ниту гостински навивачи.

Од тука следуваше реакција на „Комити“:
ГРУПАТА ОДЛУЧИ – ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ИНВАЗИЈА ВО ОХРИД!
Расте стравот кај локалните шерифи. Одлуката со која мислат дека ќе не обесхрабрат, нека биде мотивација плус за секој навивач на Вардар!
Не е важно како ќе дојдеш, туку зошто. Во недела ја браниме честа на клубот и групата, во недела сме најпотребни!
А на гадовите кои мислат дека со затворање на вратите ќе не спречат, им порачуваме: СЕ ГЛЕДАМЕ НА СТАДИОН!

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: На Јувентус му ги вратија 15-те бодови, сега е трет на табелата
СледноСпарта Прага суспендира фудбалер кој одбил тест за дрога