Нашата најдобра женска ракометна селекција денеска попладне ќе ги дознае своите противници во квалификациите за пласман на ЕВРО 2024. Ждрепката ќе се одржи во Цирих (Швајцарија) со почеток од 17 часот.
Нашите ракометарки се сместени во вториот шешир, заедно со селекциите на Романија, Словенија, Србија, Полска, Чешка, Словачка и Исланд, и јасно е дека не можеме да се “паднеме“ со овие репрезентации.
Повеќе од јасно е дека од првиот шешир ќе добиеме силен ривал, но затоа ако имаме среќа од третиот шешир убаво ќе биде да ја избегнеме Украина, а по можност и селекциите на Португалија и Турција.
Познато е дека на ЕВРО 2024, кое ќе се одржи во Швајцарија, Австрија и Унгарија, ќе се пласираат двете најдобро пласирани репрезентации како и четирите најдобро пласирани од сите групи.