На Роналдо му се заканува затвор или депортација од Саудиска Арабија (ВИДЕО)

17968

Она што Кристијано Роналдо го стори по дуелот против АлХилал  и поразот на нетовиот Ал Наср од 2:0 се граничи со сериозен простотилук и некултура, што во Арапскиот свет, осовено во Саудиска Арабија е строго забрането.

На извиците на противничките навивачи „Меси Меси“ наменети кон Роналдо, што се сосема легитимни и Роналдо не се соочува со ова прв пат, тој направи простачки потег фаќајки се со раката онаму каде што не смее.

Нормално, тоа беше забележано од камерите, и јавноста во Саудиска Арабија е згрозена од ова. Се бара одговорност од милијарди долари платениот фудбалер, а адвокатката Ноуф бин Ахмед отиде и чекор понатаму најавувајќи тужба за јавна непристојност. На Роналдо му се заканува затвор односно депортација од оваа држава.

Според шеријатот, исламскиот закон кој е важечки во Саудиска Арабија, ваквите гестови се строго забранети, а кога станува збор за странски државјани, депортацијата е чест правен лек кој се применува.

ПретходноПеп: За да освоиш Лига Шампиони треба да се викаш Реал
СледноНавивачите на Баерн со порака до Салихамиџиќ и Кан (ФОТО)