ОФИЦИЈАЛНО: На Јувентус му ги вратија 15-те бодови, сега е трет на табелата

1047

Годината почна лошо за Јувентус, поради финансиски малверзации му беа одземени 15 бодови поради што во еден момент беше дури на 11. место на табелата во Серија А. Беше далеку од Лигата на шампионите, меѓутоа серијата на жалби што ги испрати до Олимпискиот комитет на Италија даде резултат.

Жалбата е прифатена, на Јувентус му се вратени 15-те бодови, па направи скок на третото место на табелата со што може да се надева на ЛШ идната сезона.

Но барем засега ситуацијата е таква, но работата не е завршена во целост.

Сега случајот треба повторно да го преземе Апелациониот суд кој некаде на крајот на мај треба да одлучи. Тогаш би се знаело кои италијански екипи ќе одат во европските купови и дали на Јувентус ќе му се врати казната и ќе биде исфрлен од Европа или ќе може да игра.

Сега Јувентус има 59 бода, два помалку од второпласираниот Лацио, а минус 16 во однос на лидерот Наполи. По оваа одлука миланските клубови Милан и Интер испаднаа од Топ 4.

A казните на Андреа Ањели, Маурицио Аривабене, Федерико Черубини и Фабио Паратичи остануваат. Павел Недвед и неколку членови на бордот се ослободени од обвиненијата.

ПретходноПарулеска освои сребро на ЕП во ИТФ таеквондо во Италија
Следно„Комити“ ќе патуваат во Охрид: „Никоја одлука нема да не обесхрабри“