Ристовски не го заборава Вардар: Со помош на капитенот, карантин пред мечот со Воска

947

Во пресрет на дербито на 25. коло во Втората македонска лига кое ќе се одигра во Охрид меѓу Воска и Вардар, некогашниот фудбалер и дете на Вардар, Стефан Ристовски, обезбеди несебична помош кон својот матчен клуб за што подобра подготовка пред мечот кој може да одлучува во битката за влез во елитата.

Од Вардар вечерва објавија дека екипата ќе замине во карантин пред важниот меч, а за тоа е заслужен репрезентативниот капитен кој дал помош за клубот во овој важен момент.

„Фудбалскиот клуб Вардар јавно искажува благодарност до капитенот на mакедонската фудбалска репрезентација, “vардаровото дете” Стефан Ристовски за несебичната помош и поддршка за својот матичен клуб благодарение на која експедицијата на Вардар ќе замине во карантин пред претстојниот важен натпревар во недела каде во мир и соодветни услови ќе се подготвува за предизвикот кој ги очекува“.

ПретходноСтрумица Никоб моќно тргна во одбрана на титулата
СледноКЛ: Драма со среќен крај за Фиорентина