Илкај Гундоган, капитенот на Манчестер Сити, инаку репрезентативец на Германија за медиумите во својата земја демантираше дека има ставено потпис, односно дека се договорил со Барселона зод следната сезона да биде нејзин член, но не демантираше дека има разговори и преговори.
„Уште е рано сега да говорам за мојата иднина. Да, точно е дека има разговори со Барса, но уште нема договор, нема потпис. Допрва треба да се донесат важни одлуки, но сега тие се во втор план. Не чека битка за титулите во ЛШ и ПЛ, инаку да кажам дека јас сум среќен во Сити, но и горд што сум капитен на овој тим“ истакна играчот за врска на кого во јуни му истекува договорот со “граѓаните“.