Жарко Ристоски со Ал Рајан ја одбрани титулата во Катар

91

Македонскиот одбојкарски стручњак, Жарко Ристоски, ја одбрани титулата во катарскиот одбојкарски шампионат и оваа сезона. како предводник на Ал Рајан, Ристоски стана шампион на Катар откако во диналениот меч со екипата на Ал Араби славеше со убедливи 3:0 и успеа да го подигне шампионскиот пехар и оваа година.

Во двегодишниот престој во Доха, Ристоски со екипата на Ал Рајан успеа да освои пет пехари. Пред извесно време тој успеа да го освои и трофејот на Западно-азискиот Куп.

Претходно минатата сезона со Ал Рајан ги освои Арапскиот тимски шампионат, како и пехарите наменети за најдобриот тим во Катарското првенство и катарскиот Куп за 2022 година.

ПретходноДенвер убедливо до 2:0 против Минесота, Милвоки победи и без Јанис (ВИДЕО)
СледноСане: Сити е неверојатен тим, уживање е да се гледа