Клаузулата во договорот на Бензема автоматски се активира

242

Карим Бензема и Реал Мадрид ќе го продолжат договорот на официјално најдобриот фудбалер на светот на уште една година. Постоечкиот договор на Бензема во себе содржи клаузула која вели дека доколку двете страни се согласни договорот се продолжува на уште една година, а со оглед дека Бензема игра во животна форма тоа воопшто не се доведува во прашање.

Бензема во моментов има 36. години и во Реал Мадрид според договорот ќе остане до летото 2024 година.

Речиси сигурно тоа ќе биде последна сезона за Бензема во Реал и тој е свесен за тоа. Клубот веќе потпиша со Бразилецот Ендрик, кој на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне во 2024 година. Во меѓувреме, Мадрид продолжува да бара опции за засилување на нападот, а најчесто се споменуваат имињата на Ерлинг Холанд и Килијан Мбапе.

Инаку, Бензема, кој беше доведен во Реал во 2009 година од Лион, има вкупно 349 гола и 165 асистенции на 640 натпревари за клубот.

ПретходноНавивачите на Баерн со порака до Салихамиџиќ и Кан (ФОТО)
СледноМакедонија денеска ќе ги добие ривалите во квалификациите за ЕВРО 2024!