КЛ: Драма со среќен крај за Фиорентина

125

Фудбалерите на Фиорентина се пласираа во полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА по голема драма во реваншот на домашен терен против Лех од Познањ. Лех победи вечерва во Фиренца со резултат 3:2, па само поради победата од 4:1 на првиот меч на гости, „виолетовите“ одат во полуфинале.

Соуса погоди за 0:1 во деветтата минута, Велде ја удвои предноста на Лех од пенал во 64. минута, а Собјах во 69. го замолкна „Артемио Франки“ и му донесе водство на Лех од 0:3. Кога се чинеше дека Лех е поблиску до четвртиот гол отколку Фиорентина до првиот, домашните издржаа неколку опасни акции и потоа успеаја да се вратат со два гола.

Во 78. минута Сотил по прекин ја зафати топката за 1:3, а конечните 2:3 ги постави Кастровили во 92. минута.

ПретходноРистовски не го заборава Вардар: Со помош на капитенот, карантин пред мечот со Воска
СледноШок за ЦСКА: Локомотив со втора победа над московјани во полуфиналето