ЛЕ – 1/4 финале: На потег е Манчестер Јунајтед, Јуве на гости во Лисабон!

106

Вечерва од 21 часот се играат сите четири реванш натпревари од 1/4 финалето во Лигата на Европа. Најинтересно ќе биде во Севилја, каде домашниот истоимен клуб ќе го дочека Манчестер Јунајтед. Ќе биде „жешко“, посебно ако се знае дека на „Олд Трафорд“ на првиот меч беше 2:2.

Дали Севилја, после Барса и Бетис, ќе биде третата „жртва“ од Шпанија на Јунајтед годинава во квалификациската фаза во ЛЕ, останува да се види.

Јуве во Лисабон кај Спортинг тргнува со предност од 0:1, уште играат и Рома – Феенорд и Ројал Унион – Леверкузен.

ДВОЈКИ – РЕВАНШИ

21:00 ч

Рома – Феенорд (0:1)

Ројал Унион – Леверкузен (1:1)

Севилја – Манчестер Јунајтед (2:2)

Спортинг – Јувентус (0:1)

*Во загради се резултатите од првите натпревари

Image

ПретходноФЛЕКС КРЕДИТ потпиша договор за спонзорство со кошаркарскиот клуб ТФТ – Скопје
СледноОфицијално: Надал го откажа и Мадрид, неизвесен е и за Ролан Гарос!