Марканен оди во војска со „војничка“ фризура

477

Играчот на Јута Џез, Лаури Марканен летово ќе го одработи задолжителниот воен рок во својата родна Финска. Тоа што е спортист на највисоко ниво, и што заработува милиони не го прави имун на обврските кои ги има кон неговата земја.

Секако дека Марканен нема да биде дел од некакви специјални сили, или пак нешто премногу сериозно, но некаков вид на обука ќе треба да помине со што уште повеќе му се дава на значење на овој негов воен рок.

Во таа насока Марканен реши да го промени имиџот и од оној на „добро момче“ да го претвори во „војнички“. Ја избричи главата и веројатно во следниот период ќе биде со овој имиџ.

ПретходноУ-16: Македонија поразена од Азербејџан!
СледноСуперкомпјутерот прогнозира: Манчестер Сити ќе биде победникот во Лигата на Шампионите!