Севиља и Манчестер Јунајтед во моментов го играат реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на Европа, а шпанскиот клуб не можеше подобро да го отвори натпреварот бидејќи веќе води со 1:0. Човекот за кој сите зборуваат е Хари Мегваер!
Мегваер се појави на теренот од првата минута и повторно излезе трагичната фигура во составот на „ѓаволите“. Искусниот дефанзивец е главниот виновник што домашниот клуб поведе со 1:0 во осмата минута.
Ламела му ја украде топката на невнимателниот Мегваер, асистираше до Ен Несири, кој излезе пред Де Хеа и постигна рутински гол за 1:0. Де Хеа има дел од вината, бидејќи му додаде топката иако веднаш се виде дека Мегваер не е во најдобра ситуација.
The idea of United being sent packing by 2 Own Goals and THAT diabolical piece of play between De Gea and Maguire is… *chefs kiss* stuff pic.twitter.com/w7mT1wBQGl
— Gunner Thoughts (@gunner_thoughts) April 20, 2023