Навивачите на Баерн со порака до Салихамиџиќ и Кан (ФОТО)

1575

Синоќа тимот на Баерн Минхен беше елиминиран од страна на Манчестер Сити во рамките од Лигата на Шампионите. Сити мина во полуфиналето со 4:1, и ги остави Баварците да се прашуваат каде згрешија сезонава.
Одговорот на тоа тие мора да го бараат во своите редови, а најверните навивачи на клубот, синоќа со голем транспарент им порачаа на челните луѓе на клубот, Хасан Сахиламиџиќ и Оливер Кан што мислат за целата ситуација. Поточно за смената на Џулијан Нагелсман како прв тренер и носењето на Томас Тухел, со кого Баерн никако да фати ритам како играчки така и резултатски.

„Целите може да бидат промашени, но вредностите на клубот не можат и не смеат. Запрашајте се околу политиката на клубот, и преиспитајте се околу истата“ – напишаа навивачите на Баерн алудирајќи секако на неочекуваната смена на Нагелсман на сред сезона.

ПретходноНа Роналдо му се заканува затвор или депортација од Саудиска Арабија (ВИДЕО)
СледноКлаузулата во договорот на Бензема автоматски се активира