Наполи е заинтересиран да го донесе во своите редови перспективниот аргентински фудбалер Тијаго Алмада кој игра за Атланта Јунајтед во МЛС. Алмада е офанзивен играч за врска, но исто така може да игра како крило и запиша четири гола на шесте натпревари на кои играше за американскиот тим оваа сезона.
21-годишниот фудбалер исто така беше дел од селекцијата на Аргентина на СП 2022 со што стана првиот светски шампион кој доаѓа од МЛС лигата.
Неофицијално се зборува дека Наполи треба да плати 20 милиони евра како обесштетување затоа што играчот има договор до 2025 година.