Како што се наближува крајот на сезоната се почести се најавите, и од двете страни, дека Лео Меси и Барселона ќе се договорат за враќање на иконата на клубот на “Камп Ноу“. Аргентинецот би требало да потпише двогодишен договор и тоа вреден 26 милиони евра, односно ова значи дека Лео за Барса ќе игра за само 13 милиони евра годишно. Се разбира дека ова е неверојатно, посебно ако се знае дека сега во ПСЖ зема повеќе од 35 милиони евра годишно, а пред некоја недела ја одби понудата од С. Арабија која вредеше 300 милиони евра годишно.
Навистина интересно…