Ракометарките ги добија противниците за пласман на ЕП 2024!

530

Македонската женска ракометна репрезентација ги дозна противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. Избраничките на Љубомир Савевски се најдоа во групата 5, а ќе играат против Шпанија и Литванија, Азербјеџан. Ова ќе биде одлична шанса за да заверат нов пласман на едно големо натпреварување

Пласман на континенталното натпреварување ќе обезбедат првите две репрезентации од секоја група, како и четирите најдобро третопласирани земји.

Европското првенство ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија, а квалификациите за пласман на истото ќе се одржат во периодот од октомври 2023 до април 2024 година.

ПретходноСерафимов се врати на терените по еден и пол месец пауза
СледноПознат распоредот на квалификациите – Ракометарките отвораат дома со Азербејџан