Фудбалерот на Спарта Прага, Јакуб Јантко, кој пред неколку месеци објави дека е хомосексуалец, е суспендиран на непоределено време поради проблеми со законот. Тој е исфрлен од првиот тим, а причината е што бил задржан во полиција поради прекорачување на брзина на својот автомобил и возење без возачка дозвола. Тестот за алкохол му бил негативен, меѓутоа одбил да се тестира за дрога.
Јантко е фудбалер на Хетафе, а во Спарта игра како позајмен. Исто така е и чешки репрезентативец со 45 настапи до сега.