Актуелниот одбојкарски шампион Струмица Никоб почна силно во битката за одбрана на шампионската круна. Во првиот меч од финалето на плеј-офот вечерва во струмичјата сала „Парк“, струмичани со максимални 3:0 го добија првиот натпревар против ГОК Борец и го направија првиот чекор кон освојувањето на новиот наслов.
Одбојкарите на ГОК Борец кои изненадија со одличната форма до полуфиналето, се чини немаа решение за добрата игра на Струмица Никоб во сите три сета. Ако се суди според текот на дуелот, домашните прилично комотно го решија секој од трите сета во своја полза.
Следниот натпревар од финалната серија ќе се одигра во Велес на теренот на ГОК Борец во недела.
ФИНАЛЕ НА ПЛЕЈ-ОФ (М) / ПРВ НАТПРЕВАР:
СТРУМИЦА НИКОБ – ГОК БОРЕЦ 3:0 (25:19, 25:19, 25:21)
Струмица, сала „Парк“, Судии: Никола Саздовски и Славчо Здравевски
СТРУМИЦА НИКОБ: Ричлиев Е., Милахилов (л), Милев Ј., Наков, Јараба, Деспотовски, Грковски, Милев В., Гобачцки, Алексов, Каралампиев, Илијев
ГОК БОРЕЦ: Жабев Д., Жабев А., Волков, Николов, Димовски С., Ивковиќ, Костиќ, Андовски, Димовски Д., Цилаков, Лепaвцовски