Тешко за Валенсија – финансиски колапс ако испадне од Ла Лига

216

Еден од најпознатите шпански фудбалски клубови Валенсија може да западне во сериозни финансиски проблеми ако испадне во Втората лига, пишува „Марка“. „Лилјаците“ моментално се на 18. место на тбелата со три поени помалку од првата екипа која е во сигурната зона. До крајот на шампионатот остануваат уште 9 кола.

Валенсија тешко победува дома (6 победи, 3 ремија и 6 порази), а многу потешко на страна (само една победа, три ремија и другите се порази). За „сигурност“ потребни се барем 40 бодови, а моментално екипата е далеку од тоа салдо. До крајот ќе игра дома против Ваљадолид, Виљареал, Реал Мадрид и Еспањол. Па и да ги освои сите бодови на домашен терен опстанокот не им е сигурен, повторно ќе зависи од исходот на конкурентите.

Статистиката покажува дека бројот на постигнати голови (30) им е најмал после сезоната 1988/89 кога имаа 26 дадени гола по 29 одиграни кола. Значи оваа сезона имаат втор најлош ефект во историјата по дадени голови во Ла Лига.

Сопственикот на клубот Питер Лим, кој има уддел и во англискиот Салфорд, беше остро критикуван од фановите за хаосот кој владее во клубот (не само во оваа, туку и во изминатите неколку сезони) и тоа што го клекна на толку ниско ниво, да се бори за опстанок.

„Марка“ пишува дека Валенсија има многу долгови и финансиски стои многу лошо. Ако тимот испадне, не е сигурно како Валенсија ќе одговори економски на таа ситуација со оглед на пониските суми од ТВ правата.

ПретходноСпарта Прага суспендира фудбалер кој одбил тест за дрога
СледноСтрумица Никоб моќно тргна во одбрана на титулата