Тотален хаос во Италија: На Јуве ќе му ги вратат одземените 15 бода!?

2110

Тотален хаос се случува во фудбалска Италија. Имено не само што Јувентус, поради финансиски малверзации нема да биде дополнително казнет со одземање на нови бодови, туку ќе му бидат вратени и оние 15 бода кои му беа одземени пред неколку месеци.

Имено како што велат вестите денеска од Италија, клубот од Торино се чини дека ќе го добие случајот на суд, макар привремено, но дека и привремено ќе му бидат вратени бодовите. А ако се докаже дека навистина е виновен, во постапката тогаш тие бодови ќе му бидат одземени за наредната сезона.

Фудбалската федерација на Италија сега е во хаос, едноставно не знае што да прави ако се знае дека треба до крајот на мај-јуни да ги пријави учесниците од Италија во фудбалска Европа, во ЛШ, во ЛЕ и ЛК.

А со враќањето на тие 15 бодови Јуве и тоа како има шанси да игра во ЛШ.

ПретходноЛК – 1/4 финале: Фиорентина става печат на полуфиналето
СледноСудии за ПМФЛ: Стојчевски на Автокоманда, Трпчевски “главен“ на дербито во Штип!