У-16: Македонија поразена од Азербејџан!

453

Младата репрезентација на Македонија до 16 години беше поразена со минимални 2:1 од соодветната селекција на Азербејџан на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Дашмир Беари имаа предност со 1:0 до пред самиот крај на мечот, но противникот со два брзи гола успеа да направи комплетен пресврт и да издвојува победа.

Во првите 45. минути, видовме еден неизвесен и трвд натпревар со многу борба и тактичка игра на средината на теренот. Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Македонија во 60. минута преку Хисар Али поведе со 1:0. Во 87. минута Фарзулијаев го израмнува резултатот. Истиот играч во последната минута од судиското продолжение постигнува нов погодок за предност и победа на селекцијата на Азербејџан.

Македонија: Игор Ристов, Лука Атанасовски, Здравко Перески, Хисар Али, Каменчо Андоновски, Беркај Шаини, Онур Бешир, Никола Ангелов, Милош Спасовски, Адмир Латифи, Давид Ивановски;

Селектор: Дашмир Беари;

ПретходноНеверојатно: Меси во Барселона ќе игра за “само“ 13 милиони евра годишно!
СледноМарканен оди во војска со „војничка“ фризура