Шок за ЦСКА: Локомотив со втора победа над московјани во полуфиналето

409

Кошаркарите на Локомотив Кубан ја победија ЦСКА Москва во третиот натпревар од ½-финалето на ВТБ лигата. Средбата во Краснодар заврши со победа на домаќините со 83:81 со што Локомотив-Кубан поведе во серијата со 2-1.

Тимот на нашиот Емил Рајковиќ иако доминираше цела сезона, сега по првите три полуфинални дуели со Локомотив доаѓа во ситуација под голем притисок да се бори за место во финалето. ЦСКА за првпат од сезоната 2013/2014  загуби два меча во плеј-оф серијата.

Четвртиот натпревар од полуфиналната серија на ВТБ лигата меѓу ЦСКА и Локомотив Кубан ќе се одигра на 22 април во Москва.

ПретходноКЛ: Драма со среќен крај за Фиорентина
СледноМегваер, Мегваер… Нова катастрофална грешка на капитенот на Јунајтед (ВИДЕО)