Интер со носталгија гледа кон своите легенди: Гранде Пандев, Милито и Паласио вчера на Џузепе Меаца

389

Синоќа тимот на Интер со ремито 3:3 на домашен терен против екипата на Бенфика обезбеди полуфинале во Лигата на Шампионите сезонава. Таму ќе се сретне со вечниот гратски ривал, тимот на Милан во најјинтересниот двобој во ЛШ во последната деценија сигурно.

На вчерашниот натпревар атмосферата беше феноменална. Години наназад Интер немал ваква шанса, која патем и ја искористи, но мечот како таков во живо го проследи се што нешто вредел и вреди во таборот на „Нероазурите“. Па така, мечот не можеше да мине без нашиот Горан Гранде Пандев кој своевремено во една сезона освои три титули, вклучувајќи ја и Лигата на Шампионите.

Таа генерација на Интер со златни букви е запишана во историјата на клубот, а во неа секако беше и Диего Милито. Аргентинецот беше стрелец на погодокот во финалето од ЛШ токму против Баерн Минхен, а синоќа заедно со својот сонародник Диего Паласио исто така беа во свечената ложа на Џузепе Меаца.

ПретходноСане: Сити е неверојатен тим, уживање е да се гледа
СледноПеп: За да освоиш Лига Шампиони треба да се викаш Реал