Фудбалерите на Вест Хем го совладаа Гент во Лондон со 4:1 и со вкупен резултат 5:2 изборија пласман во полуфиналето на Конференциската лига. „Чеканите“ за пласман во финалето, кое ќе се игра во Прага, ќе се борат со АЗ Алкмар кој денеска по подобро изведување пенали го исфрли Андерлехт.
Гент ги шокираше лондончани со водството во 26. минута преку Кајперс. Сепак, во продолжението исплива на површина високиот квалитет на домашната екипа, па англискиот тим лесно направи пресврт.
Антонио израмни во 37. Минута, а во 55. минута Пакета беше прецизен од пенал за 2:1. Деклан Рајс во 58. минута зголеми на 3:1, а Антонио уште еднаш го погоди гостинскиот гол за конечни 4:1 во 63. минута.