Фудбалерите на Фиорентина се пласираа во полуфиналето на Конференциската лига на УЕФА по голема драма во реваншот на домашен терен против Лех од Познањ. Лех победи вечерва во Фиренца со резултат 3:2, па само поради победата од 4:1 на првиот меч на гости, „виолетовите“ одат во полуфинале.
Соуса погоди за 0:1 во деветтата минута, Велде ја удвои предноста на Лех од пенал во 64. минута, а Собјах во 69. го замолкна „Артемио Франки“ и му донесе водство на Лех од 0:3. Кога се чинеше дека Лех е поблиску до четвртиот гол отколку Фиорентина до првиот, домашните издржаа неколку опасни акции и потоа успеаја да се вратат со два гола.
Во 78. минута Сотил по прекин ја зафати топката за 1:3, а конечните 2:3 ги постави Кастровили во 92. минута.