Вечерва од 21 часот се играат сите четири реванш натпревари од 1/4 финалето во Лигата на Европа. Најинтересно ќе биде во Севилја, каде домашниот истоимен клуб ќе го дочека Манчестер Јунајтед. Ќе биде „жешко“, посебно ако се знае дека на „Олд Трафорд“ на првиот меч беше 2:2.
Дали Севилја, после Барса и Бетис, ќе биде третата „жртва“ од Шпанија на Јунајтед годинава во квалификациската фаза во ЛЕ, останува да се види.
Јуве во Лисабон кај Спортинг тргнува со предност од 0:1, уште играат и Рома – Феенорд и Ројал Унион – Леверкузен.
ДВОЈКИ – РЕВАНШИ
21:00 ч
Рома – Феенорд (0:1)
Ројал Унион – Леверкузен (1:1)
Севилја – Манчестер Јунајтед (2:2)
Спортинг – Јувентус (0:1)
*Во загради се резултатите од првите натпревари