ЛЕ: Мегваер и Де Хеа го „закопаа“ Манчестер, Јуве оди во полуфинале (ВИДЕО)

568

На преполниот „Рамон Санчез Писхуан“, Севиља го совлада Манчестер Јунајтед со 3:0 во реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа и тотално го надигра и елиминира англискиот гигант. Трагичари за „црвените ѓаволи“ вечерва беа Хари Мегваер и голманот Де Хеа, кои им подарија два од трите гола на домашните.

Благодарение на Мегваер, Севиља веќе во осмата минута поведе со 1:0. Де Геа му ја додаде топката на Мегваер кој беше на 16 метри од голот, но тој беше невнимателен, па Ламела успеа да му ја одземе топката, а Ен Несири ја испрати во мрежата на Јунајтед за водство на неговата екипа.

На самиот старт од вториот дел Севиља стигна до 2:0 со голот на Баде. Потоа Јунајтед тргна напред со сите сили, а тоа остави огромен простор за домашните. Во 81. минута Де Геа направи неверојатна грешка, а Ен Несири го постигна вториот гол на натпреварот за 3:0.

Јувентус се пласираше во полуфиналето откако ремизираше во Лисабон против Спортинг (1:1), а благодарение на победата во првиот натпревар обезбедија полуфинале против Севиља.

Јувентус го преживеа пеколот на стадионот „Хозе Алваладе“ во Лисабон, иако први погодина преку Адриен Рабиот во 9’, за веќе во 20’ домашните со гол од пенал да израмнат на 1:1.

 

До крајот на мечот резултатот остана непроменет.

Баер (Л) со 4:1 го „прегази“ белгиски Ројал Унион СЖ и по оние 1:1 на првиот меч обезбеди полуфинале, каде за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Рома и Феенорд, каде се играат продолженија.

ПретходноУште една фудбалска ѕвезда денеска прогласи банкрот!
СледноКЛ: Вест Хем убедлив против Гент обезбеди полуфинале