Синоќа тимот на Баерн Минхен беше елиминиран од страна на Манчестер Сити во рамките од Лигата на Шампионите. Сити мина во полуфиналето со 4:1, и ги остави Баварците да се прашуваат каде згрешија сезонава.
Одговорот на тоа тие мора да го бараат во своите редови, а најверните навивачи на клубот, синоќа со голем транспарент им порачаа на челните луѓе на клубот, Хасан Сахиламиџиќ и Оливер Кан што мислат за целата ситуација. Поточно за смената на Џулијан Нагелсман како прв тренер и носењето на Томас Тухел, со кого Баерн никако да фати ритам како играчки така и резултатски.
„Целите може да бидат промашени, но вредностите на клубот не можат и не смеат. Запрашајте се околу политиката на клубот, и преиспитајте се околу истата“ – напишаа навивачите на Баерн алудирајќи секако на неочекуваната смена на Нагелсман на сред сезона.
„Ziele dürfen verfehlt werden – Werte des Vereins nicht! Führungspolitik hinterfragen!“ #Südkurve #Kahn #Salihamidzic pic.twitter.com/IpyV3Bx5qY
— ran (@ransport) April 19, 2023