Охриѓанката Христијана Парулеска го освои сребрениот медал на Европското првенство во ИТФ таеквондо што се одржува во Јесоло, Италија. Таа всушност го одбрани сребрениотмедал што го освои минатата година во Пореч, Хрватска.
На ЕП учествуваат натпреварувачи од 27 земји. Македонија ја претставуваат седум репрезентативци.