Сане: Сити е неверојатен тим, уживање е да се гледа

353

Тимот на Манчестер Сити е полуфиналист во Лигата на Шампионите. Синоќа на гостувањето кај Баерн, премиерлигашот одигра 1:1, и повеќе од доволно за да со вкупни 4:1 го елиминира тимот од Германија.

Лирој Сане, кој игра голема улога во екипата на Баерн сезонава, смета дека Сити во моментов е непобедлив и дека овој тим игра неверојатен фудбал.

„Сити игра неверојатно. Сите сакаат да го гледаат овој тим и им честитам на овие момци поради тој факт. Ние одигравме добар меч, јас имав зицер сиуација за 1:0, мораше да ја реализирам. Беше тешко бидејќи влеговме со негатива од 3:0, и во таква ситуација не можеш да промашуваш. Имавме контрола, освоивме многу топки на средината на теренот, и веројатно ќе беше поинаку ако погодев за наше водство…“ изјави Сане по мечот против Манчестер Сити, клубот од каде што и пристигна во Баерн пред три години.

 

 

 

ПретходноЖарко Ристоски со Ал Рајан ја одбрани титулата во Катар
СледноИнтер со носталгија гледа кон своите легенди: Гранде Пандев, Милито и Паласио вчера на Џузепе Меаца