Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов се врати на терените после паузата од еден и пол месеци поради повреда. Нашиот централен бек отсуствуваше од фудбалот поради скинат мускул, а после долгата пауза почна да тренира и е во комбинација за настап во дресот на Фехервар против Кешкемет во сабота во рамките на унгарското првенство.
Изненадувачки, Фехервар е на 10-тото место на табелата со скор од 7 победи, 9 ремија и 11 порази, а нема триумф на последните три меча. Слабиот ефект го турна меѓу екипите кои се борат за опстанок.
Серафимов одигра 11 натпревари сезонава и постигна еден гол и тоа во поразот од Ујпешт во ноември минатата година.