Кошаркарите на Локомотив Кубан ја победија ЦСКА Москва во третиот натпревар од ½-финалето на ВТБ лигата. Средбата во Краснодар заврши со победа на домаќините со 83:81 со што Локомотив-Кубан поведе во серијата со 2-1.
Тимот на нашиот Емил Рајковиќ иако доминираше цела сезона, сега по првите три полуфинални дуели со Локомотив доаѓа во ситуација под голем притисок да се бори за место во финалето. ЦСКА за првпат од сезоната 2013/2014 загуби два меча во плеј-оф серијата.
Четвртиот натпревар од полуфиналната серија на ВТБ лигата меѓу ЦСКА и Локомотив Кубан ќе се одигра на 22 април во Москва.