Вардар 1961 го “прескокна“ и вториот тим на Пелистер!

249

Во првиот меч од 11.коло во плеј-офот од нашата ракометна Суперлига, Вардар 1961 на својот паркет, успеа со 25:22 да го победи составот на Е.Пелистер 2.

Ова беше десетта победа на вардарци, кои сепак до крајот на сезоната ги чека дуел за титулата во Битола, и тоа против првиот тим на Е.Пелистер.

Од тоа што беше прикажано треба да се напомене дека фаворитот не ја “пресокна“ оваа пречка така лесно, барем резултатски, како што се очекуваше, посебно не во првоо полувреме кое заврши со резултат од само 13:12. Младите битолчани жестоко се бореа против поквалитетниот и поквалитетен тим, но на крајот бодовите останаа во Скопје.May be an image of 3 people, people playing soccer and people playing football

А и крајниот резултат од 25:22 кажува дека вториот тим на Е. Пелистер го дал и повеќе од максимумот.

А Вардар 1961 кога требаше да “стисне“ нешто повеќа тоа и го правеше.

Кај победничкиот состав Талески беше најефикасен со седум голови, Георгиевски постигна пет, кај гостите пак се истакна Петровиќ со пет голови.

May be an image of 4 people, people playing football, people playing voleyball, people playing soccer and text that says '33 DIMITROVSI 22'

 

ПретходноОсмани пред утрешното дерби во Штип: Секоја чест за Брегалница, сепак Шкендија оди на победа!
СледноИ дефинитивно пропаднаа преговорите меѓу ПСЖ и Меси, Лапорта и Барса имаат план!