Верди и донесе драгоцени бодови на Верона во трката за опстанок

62

Симоне Верди со два гола и донесе победа на Верона со 2:1 против Болоња во 31. коло на Серија А.
Верди го отвори резулатот од пенал во 45 минута. Со тоа тој заокружи максимален ефект од белата точка, 7 од 7.
Вториот гол го реализира во 62. минута кога по нафрлувањето на Фараони, напаѓачот со глава го совлада гостинскиот голман. Болоња го ублажи поразот со голот на Домингез во 90+4 минута.

Верона има 26 бода (6 победи, 8 ремија и 17 порази) по 31 меч, а едно место погоре, во сигурната зона е Специја со исто бодови но и меч помалку. Лече има 28, Салернитана 30…
Болоња е на осмото место со 44 бода.

ПретходноРангник: Во моментов на никого не би му препорачал да оди во Челзи!
СледноПСЖ со два гола на Мбапе го победи Анже (видео)