Неверојатно: Тројца од четирите тренери кои се во 1/2 финалето во ЛШ потекнуваат од регионот Емилија – Ромања! (ФОТО)

586

Симоне Инзаги (Интер), Силвио Пиоли (Милан) и Карло Анчелоти (Реал Мадрид) се тројцата италијански тренери кои со своите екипи се пласираа во 1/2 финлето во Лигата на Шампионите. Во ова друштво е и Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) но тој е Каталонец.

Интересно е што овие тројца, мислиме на Инзаги, Пиоли и Анчелоти, потекнуваат или се родени во еден ист регион во Италија, и тоа во Емилија – Ромања. Регион во Италија кој зафаќа површина од 22.447 км2, речиси е голем колку Македонија. Станува збор за третиот најбогат регион во Европа или третиот со највисок БДП по глава на жител.

Ете, роди се во Емилија – Ромања и ќе бидеш одличен тренер.

Да кажеме дека Инзаги е роден во Пјаченца, Пиоли во Парма а Карло во градчето Реџиоло.

No description available.

ПретходноМетла на “Олд Трафорд“: Тен Хаг ќе се ослободи од 12 играчи!
СледноПоради казната на Партизан: “Вечното дерби“ бр.170 се игра без публика!