Османи пред утрешното дерби во Штип: Секоја чест за Брегалница, сепак Шкендија оди на победа!

277

Утре во Штип, со почеток од 16 часот се игра првиот меч од 28.коло во ПМФЛ. Брегалница и Шкендија го отвораат ова коло со утрешното дерби, сите останати мечеви се играат во недела.

Шкендија е во налет, има одлична серија во првенството, тетовци имаат уште шанси во битката за титулата, но тетовци утре ги чека најтешкото гостување оваа пролет.

За тоа што може да се очекува од утрешниот дуел, за “Спортмедиа“ свој коментар дава стратегот на Шкендија, Ќатип Османи.

Тешко, тешко гостување е пред нас. Очигледно е дека во Брегалница оваа пролет има напредок во играта, во резултатите со доаѓањето на тренерот Горан Здравков. Па немаат пораз штипјани досега, тоа многу кажува. Затоа велам секоја чест за Брегалница, но амбициите на Шкендија се јасни, ние сакаме и натаму да бидеме конкурентни во битката за титулата, затоа утре во Штип ќе одиме на победа. Па подобриот нека победи. Очекувам исклучително квалитетно дерби, очекувам отворен фудбал од двете страни а присутната публика во Штип нека ужива во овој саботен дуел на две квалитетни екипи“ заврши Османи.

ПретходноДоминација во Европа: Пет италијански клубови во полуфиналињата во ЛШ, ЛЕ и ЛК!
СледноВардар 1961 го “прескокна“ и вториот тим на Пелистер!