Откриена е сумата на „непристојната понуда“ за Лука Модриќ, Реал молчи!

8704

Нема напредок, Лука Модриќ не се откажува од желбата да игра за Хрватска, сака да игра во квалификациите и да се збогува само на ЕП 20024. Со други зборови, нема да оди по примерот на Крос, кој реши да потпише нов договор, но истовремено по наредба на Перез да се збогува со националниот дрес.

Модриќ има различни идеи, избегнува да зборува за тоа, но рече дека сака да остане во Реал. Кралскиот клуб е задоволен од тоа како игра, иако тој подоцна ги започна подготовките.

Една од варијантите е Модриќ да си замине на крајот од сезоната, за да му направи простор на Џуд Белингем. Единствено, со влегувањето на Сити во игра, цената на младиот Англичанец дополнително ќе се зголеми,а Реал не е подготвен да им конкурира на „граѓаните“ и да ја зголеми понудата.

Со други зборови, тоа значи дека одлуката на Модриќ е многу важна.

Додека се чека целосна разврска, приказните за понудата од Саудиска Арабија не застануваат, сега е позната и сумата која би ја заработил.

Тоа е 25 милиони евра нето годишно, двојно повеќе отколку што има во Реал. Со други зборови, Хрватот има 50 милиони и две години договор на маса, во Реал би заработувал четири пати помалку, макар и за една сезона. Некој ќе рече дека нема да оди во Саудиска Арабија, но шпанските медиуми сметаат дека Модриќ не може да добие вакви пари во летото 2024. Плус, нема услов да не игра за репрезентацијата.

Саудиска Арабија нема да штеди пари за Модриќ, но ниту за другите големи играчи, сака да го направи својот шампионат доста интересен.

ПретходноРеакцијата на Тен Хаг кога најскапиот дефанзивец му подари гол на противник е хит (ВИДЕО)
СледноДоминација во Европа: Пет италијански клубови во полуфиналињата во ЛШ, ЛЕ и ЛК!