Се гаси сонот за титулата – Арсенал киксна против „фенерџијата“ (видео)

629

Екипата на Арсенал доживеа уште една сопка во трката по титулата која ја чека одамна. „Топчиите“ имаа шанса да излезат од мини кризата (две ремија по ред) со победа над последнопласираната екипа на Саутемптон и тоа на домашен терен меѓутоа одигра 3:3, а мора да се каже дека до 88 минута губеа со 1:3.
Со тоа „топчиите“ трет меч се без победа, а бодовната предност во однос на најблискиот конкурент Манчестер Сити сега изнесува само пет бода со напомена дека „Граѓаните“ имаат два меча помалку. Toa значи дека сега одлуката за титулата не е во нивни раце туку во рацете на конкурентот од Манчестер.

Арсенал паѓа во формата и тоа во најзначајниот дел од сезоната кога се решава шампионот. „Топчиите“ имаат супер предност, беа во пол позиција за да ја вратат титулата по подолго време, но неколкуте киксови ги исфрлија од колосек.

По само 14 минути игра Саутемптон поведе со 0:2. Алкараз (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК) по 30-тина секунди постигна гол, а во 14 минута после одлична асистенција на Алкараз погоди Тео Волкот (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК), инаку поранешен член на „топчиите“.
Во 20 минута Габриел Мартинели (ОВДЕ ГОЛОТ) го враќа тимот од Лондон во игра за бодовите. Во 48 минута по корнерот на Арсенал, Бен Вајт шутира со глава, голманот на Саутемптон веќе беше совладан меѓутоа Алкараз спаси од гол линијата.
А студен туш им приреди хрватскиот интернационалец Дуле Чалета-Цар со голот во 66 минута (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ).

Арсенал со головите на Одегард во 88 минута (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ) и Сака во 90 минута (ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ) се извлекоа од срамен пораз. Сепак, овој кикс може на крајот скапо да ги чини.

ПретходноПСЖ со два гола на Мбапе го победи Анже (видео)
СледноПартизан славеше во Подгорица, Звезда со реакција: Ова е кражба – страшна кражба…