Алегри презадоволен: Убав ден, полуфинале и 15 бода!

108

Јувентус синоќа ремизираше со Спортинг во Лисабон со 1:1 и со вкупни 2:1 се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а италијанскиот суд се погрижи денот да биде уште подобар, му ги вратија 15 бода на овој клуб во Серија А кои неодамна му беа одземени поради финансиски малверзации.

Од сето ова синоќа во Лисабон беше презадоволен тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

„Продолжуваме понатаму, имавме проблеми, но на почетокот на вториот дел направивме добри работи, мораме да бидеме подобри во реализацијата. Знаевме колку е тешко, си одиме дома со победа, а сега имаме 15 бодови кои ни се вратени. Сега ќе размислуваме за Серија А бидејќи загубивме три од последните четири натпревари. Мораме да обезбедиме место меѓу најдобрите четири“, рече Алегри.

Јуве во полуфиналето ќе игра против Севиља која го држи рекордот по број на трофеи во Лига Европа, но можеби пореално беше да се сретне со Манчестер Јунајтед кој важеше за фаворит на тој меч.

„Искрено ја очекував Севиља. Тие се добар тим, дриблаат, играат добро и освоија многу европски лиги и имаат свои предности“, додаде Алегри.

ПретходноШоу на Мурињо – трет дел: Му даде подарок на холандски новинар за да не плачат во следните 10 месеци (ВИДЕО)
СледноКоментаторот на Арена за Мегваер: Тој е најлошиот фудбалер на Јунајтед во последните 50 години! (ВИДЕО)