Гвардиола: Италијанскиот фудбал е силен, ова што се случува не е изненадување

272

Тимот на Манестер Сити во полуфиналето од Лигата на Шампионите ќе се сретне со тимот на Реал Мадрид. Доколку избори пак финале, ќе се сретне со италијански претставник затоа што во другото полуфинале се среќаваат Милан и Интер.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола смета дека воопшто не е изненадување тоа што две италијански екипи се дел од самата завршница од ЛШ, а дури пет се дел од полуфиналните дуели во сите европски натпреварувања.

„Во вторникот го гледав Наполи – Милан и бев фасциниран од настапот на домашната екипа. Сите натпревари на „наполитанците“ против Милан оваа сезона беа тешки, победуваш или губиш со малку. Не треба да се заклучува дека откако Наполи испадна од Лигата на шампионите, тогаш неговата сезона е слаба. Ги гледав многу пати и бев импресиониран од нивниот стил. Ќе ја освојат титулата во Италија и ќе видиме што ќе прават во ЛШ следната сезона“, прокоментира Пеп па додава. 

„Во Серија А, Наполи е пред Милан и луѓето мислат дека така ќе беше и во ЛШ. Во Европа, сепак, Росонерите го менуваат својот чип, како и Баерн Минхен, кој добро го познавам. Во минатото клубот од Милано беше одличен, па не знам ни колку трофеи имаат подигнато. Се сеќавам на Ариго Саки, Фабио Капело, Франко Барези и Алесандро Костакурта. Историјата е важна и затоа овие тимови се толку силни“, додаде менаџерот на Сити.

ПретходноКлоп: Не можам да гарантирам резултати, но морам да гарантирам одредено ниво
СледноТоронто го смени тренерот кој му ја донесе титулата во НБА лигата